Решавање проблеми

Не може да се најде производот

Проверете дали производот и пристапната точка (или безжичниот рутер) се вклучени.
Ако го користите производот на мрежа Етернет, проверете дали производот е правилно поврзан со јазолот со кабел за LAN.
Ако се одредени ограничувања за пристап на пристапната точка (или безжичниот рутер), регистрирајте ја MAC-адресата или IP-адресата на производот во пристапната точка. Проверете ја MAC-адресата на контролната табла на производот или на листот за состојба на мрежата.
Ако на пристапната точка (или безжичниот рутер) е вклучена функција за приватна одвоеност, исклучете ја. За повеќе детали видете во упатството на пристапната точка (или безжичниот рутер).
Проверете дали е правилна IP-адресата. Треба да не се преклопува со други адреси и не можете да го поврзете производот со друг мрежен сегмент.

Не може да се поврзе производот со мрежата

Проверете дали е воспоставена комуникација меѓу компјутерот и пристапната точка (или безжичниот рутер).
Проверете дали е избрано SSID (Име на мрежата) што се користи на пристапната точка или дали е правилно внесено. Не може да се користат не-ASCII знаци.
За лозинката се разликуваат големи и мали букви. Проверете дали лозинката е внесена правилно.
Приближете го производот до пристапната точка или приспособете ја надворешната антена на пристапната точка.
Радиобранови пречки од руги безжични уреди може да го попречуваат безжичното поврзување. Проверете да не се вклучени други безжични уреди во близина.