Ако не се препознае производот, обидете се со следново.

Проверете го напојувањето на производот.

Проверете дали е печатачот вклучен.
Проверете дали е струјниот кабел безбедно вметнат во електричниот штекер.
Проверете дали приклучокот за струја има напон.

Доколку печатачот се исклучи:

Вклучете го производот, па кликнете [Назад].

Ако производот е вклучен, но не се препознава:

Продолжете со следниот чекор.

Проверете ја врската меѓу производот и компјутерот.

Проврете дали е USB кабелот безбедно поврзан со печатачот и компјутерот и проверете да не е USB кабелот оштетен или лошо свиткан.
Печатачот нема да биде препознаен при инсталација на драјверот доколку е поврзан со прекинувач за печатач или со баферот на печатачот. Во тој случај обидете се директно да го поврзете печатачот со компјутерот преку USB кабел.
Доколку го поврзувате печатачот со компјутерот преку USB хаб, поврзете го печатачот со најблискиот хаб до компјутерот. Доколку драјверот на печатачот и покрај тоа не биде препознаен на вашиот компјутер, обидете се директно да го поврзете печатачот со компјутерот без USB хаб.
Доколку го поврзувате печатачот со компјутерот преку USB хаб, проверете дали USB хаб уредот е препознаен од вашиот компјутер.

Кликнете [Назад] кога ќе ја проверите врската меѓу производот и компјутерот.